Римјаните 13:1-7 MK2006D

1 Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, заш­то нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога.

2 Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, ќе паднат под осуда.

3 Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, то­гаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа;

4 зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.

5 Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.

6 Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат.

7 И така, дајте секому што сте му должни: кому сте му должни данок – нека му се даде данок; кому царина – ца­рина; кому страхопочит – страхопочит; кому чест – чест.