4 зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.
5 Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.
6 Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат.
7 И така, дајте секому што сте му должни: кому сте му должни данок – нека му се даде данок; кому царина – царина; кому страхопочит – страхопочит; кому чест – чест.
8 И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот.
9 Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!“
10 Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.