1 Слабиот во вера прифатете го, но без расправии за мислењата!
2 Еден верува дека може да јаде сѐ, а слабиот во верата јаде само зеленчук.
3 Кој јаде, нека не го укорува оној што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној што јаде, бидејќи Бог го прифатил.
4 Кој си ти што му судиш на туѓ слуга? Пред својот господар тој стои или паѓа, а ќе стои исправено, зашто Бог има моќ да го исправи.
5 Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мислење.
6 Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разликува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога.