12 И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.
13 Затоа, пак, да не се судиме еден со друг, туку подобро расудувајте за тоа вака: не поставувај му на својот брат спрепка или соблазна.
14 Знам и уверен сум преку Господ Исус Христос дека нема ништо нечисто само по себе; освен кога некој мисли дека е нешто нечисто, за него тоа е нечисто.
15 А ако, пак, братот твој се скрби поради тоа што го јадеш, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со своето јадење оној за кого Христос умре.
16 Нека не се хули на она што е добро според вас!
17 Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух.
18 Зашто, оној кој Му служи на Христос со овие работи, тој Му се допаѓа на Бога и мил им е на луѓето.