15 А ако, пак, братот твој се скрби поради тоа што го јадеш, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со своето јадење оној за кого Христос умре.
16 Нека не се хули на она што е добро според вас!
17 Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух.
18 Зашто, оној кој Му служи на Христос со овие работи, тој Му се допаѓа на Бога и мил им е на луѓето.
19 И така, да го бараме она што служи за мир и взаемно надградување.
20 Поради јадење не уривај го делото Божјо! Навистина сѐ е чисто, а тешко е за оној човек, кој јаде поради соблазна;
21 подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо од кое братот твој би можел да се сопне, или да се соблазнува, или, пак, да слабее.