17 Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух.
18 Зашто, оној кој Му служи на Христос со овие работи, тој Му се допаѓа на Бога и мил им е на луѓето.
19 И така, да го бараме она што служи за мир и взаемно надградување.
20 Поради јадење не уривај го делото Божјо! Навистина сѐ е чисто, а тешко е за оној човек, кој јаде поради соблазна;
21 подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо од кое братот твој би можел да се сопне, или да се соблазнува, или, пак, да слабее.
22 Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога. Блазе на оној кој не се осудува себе самиот за она што го одобрува.
23 А ако некој се сомнева кога јаде, осуден е; зашто не јаде со вера; а сѐ што не е според верата, грев е.