Римјаните 14:2-8 MK2006D

2 Еден верува дека може да јаде сѐ, а слабиот во верата јаде само зеленчук.

3 Кој јаде, нека не го укорува оној што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној што јаде, бидејќи Бог го прифатил.

4 Кој си ти што му судиш на туѓ слу­га? Пред својот господар тој стои или паѓа, а ќе стои исправено, зашто Бог има моќ да го исправи.

5 Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мислење.

6 Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разли­кува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога.

7 Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе;

8 туку, било да живееме или да умираме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Гос­под. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме.