21 подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо од кое братот твој би можел да се сопне, или да се соблазнува, или, пак, да слабее.
22 Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога. Блазе на оној кој не се осудува себе самиот за она што го одобрува.
23 А ако некој се сомнева кога јаде, осуден е; зашто не јаде со вера; а сѐ што не е според верата, грев е.
24 На Оној кој може да ве зацврсти, според моето Евангелие, и проповедањето за Исус Христос, според откривањето на тајната која била замолкната од вечни времиња,
25 а која сега се јави, и според пророчките Писма, а по заповедта на вечниот Бог им стана позната на сите народи за да ги доведе во послушност кон верата,
26 на Единствениот, мудар Бог, преку Исус Христос нека е слава во сите векови! Амин!