6 Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разликува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога.
7 Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе;
8 туку, било да живееме или да умираме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Господ. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме.
9 Бидејќи Христос затоа и умре и воскресна и оживеа, за да господари и над мртвите, и над живите.
10 А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред судот Христов.
11 Зашто е напишано: „Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“
12 И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.