Римјаните 15:10-16 MK2006D

10 И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“

11 И понатаму: „Фалете Го Господа сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“

12 Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“

13 А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.

14 И јас сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.

15 Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно, за да ве потсетам со благодатта што Бог ми ја даде,

16 за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свеште­но­дејствено да го извршувам Божјото Евангелие, за да бидат незнабошците благопријатен принос, осветен од Све­тиот Дух.