Римјаните 15:12-18 MK2006D

12 Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“

13 А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.

14 И јас сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.

15 Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно, за да ве потсетам со благодатта што Бог ми ја даде,

16 за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свеште­но­дејствено да го извршувам Божјото Евангелие, за да бидат незнабошците благопријатен принос, осветен од Све­тиот Дух.

17 И така, со тоа можам да се по­фа­лам во Исус Христос кај Бога,

18 зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил пре­ку Мене со зборови и дела,