Римјаните 15:18-24 MK2006D

18 зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил пре­ку Мене со зборови и дела,

19 со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух, која ги води незнабошците кон послушност во верата, така што Евангелието Христово го распро­стра­нува од Ерусалим и неговата око­лина и сѐ до Илирик.

20 И така, се погрижив да го про­по­ведам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел.

21 Но, како што е напишано: „Оние, на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“

22 Токму тоа многупати ме попречу­ваше да дојдам кај вас.

23 Сега, пак, бидејќи нема веќе место за мојата работа во овие земји, а уште од пред многу години копнеев да дојдам кај вас,

24 кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и де­ка натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам.