2 Секој од нас должен е на својот ближен да му угодува со она што е добро за неговата надградба.
3 Зашто и Христос не си угоди на Себе Самиот, туку како што е напишано: „Подбивите на оние што Ти се подбиваа, паѓаат врз Мене.“
4 А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.
5 А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус,
6 та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
7 Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја.
8 Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците,