21 Но, како што е напишано: „Оние, на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“
22 Токму тоа многупати ме попречуваше да дојдам кај вас.
23 Сега, пак, бидејќи нема веќе место за мојата работа во овие земји, а уште од пред многу години копнеев да дојдам кај вас,
24 кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам.
25 А сега одам во Ерусалим за да им послужам на светиите,
26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиромашните светии во Ерусалим.
27 Тие така тоа го одлучија, а и должни им се. Бидејќи, ако незнабошците станаа соучесници во нивните духовни блага, тогаш тие се должни ним да им служат со материјални блага.