Римјаните 15:3-9 MK2006D

3 Зашто и Христос не си угоди на Се­бе Самиот, туку како што е напи­ша­но: „Подбивите на оние што Ти се подбиваа, паѓаат врз Мене.“

4 А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.

5 А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус,

6 та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Гос­под Исус Христос.

7 Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја.

8 Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Бож­ја­та вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците,

9 а, пак, незнабошците да Го прос­ла­ват Бога за милосрдието, како што е на­пишано: „Затоа Те прославувам, Гос­по­ ди, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“