5 А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус,
6 та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
7 Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја.
8 Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците,
9 а, пак, незнабошците да Го прослават Бога за милосрдието, како што е напишано: „Затоа Те прославувам, Госпо ди, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“
10 И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“
11 И понатаму: „Фалете Го Господа сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“