2 примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене.
3 Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,
4 кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообратените незнабошци и нивната домашна црква.
5 Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод во Христос во Ахаја.
6 Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.
7 Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови.
8 Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат!