1 И така, немаш изговор, о човеку, кој и да си ти, зашто со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото.
2 А знаеме дека Божјиот суд, кој, паѓа врз оние кои вршат такви работи е според вистината.
3 Зар мислиш, о човеку, дека ќе го избегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние што прават такви работи, какви што правиш и сам?
4 Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?