12 Оние што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние што згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат и судени,
13 бидејќи пред Бога не се праведни оние што го слушаат Законот, туку ќе се сметаат за праведни само оние што постапуваат според Законот.
14 Зашто секогаш кога незнабошците, кои немаат Закон, природно ги извршуваат одредбите на Законот, тогаш тие, иако немаат Закон, се Закон на самите себе;
15 тие докажуваат дека делото на Законот е запишано во нивните срца, за што сведочи и нивната совест, а и нивните внатрешни размислувања, со кои меѓусебно се обвинуваат или одбрануваат,
16 за оној ден, кога, според моето Евангелие, Бог преку Исус Христос ќе ги суди тајните на луѓето.
17 Ете, ти се нарекуваш Јудеец, и се потпираш на Законот, и со Бога се фалиш,
18 и ја знаеш волјата Негова, и повеќе разбираш што е подобро, зашто се поучуваш од Законот,