18 и ја знаеш волјата Негова, и повеќе разбираш што е подобро, зашто се поучуваш од Законот,
19 и уверен си дека си водач на слепци, а светлина на оние што се во мрак;
20 наставник на неразумни, учител на младината, зашто образец на знаењето и вистината имаш во Законот.
21 Но, како е можно тоа да учиш други, а себе самиот да не се учиш?
22 Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељуба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гнасиш од идолите, а крадеш од храмовите;
23 ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, зарем не Го срамотиш Бога?
24 „Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците“, – така стои напишано.