20 наставник на неразумни, учител на младината, зашто образец на знаењето и вистината имаш во Законот.
21 Но, како е можно тоа да учиш други, а себе самиот да не се учиш?
22 Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељуба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гнасиш од идолите, а крадеш од храмовите;
23 ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, зарем не Го срамотиш Бога?
24 „Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците“, – така стои напишано.
25 Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот. Ако, пак, правиш престапи против Законот, обрезанието твое станува необрезание.
26 И така, ако необрезаниот ги пази одредбите на Законот, тогаш нема ли неговото необрезание да се смета како обрезание?