25 Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот. Ако, пак, правиш престапи против Законот, обрезанието твое станува необрезание.
26 И така, ако необрезаниот ги пази одредбите на Законот, тогаш нема ли неговото необрезание да се смета како обрезание?
27 И необрезаниот по тело, извршувајќи го Законот, нема ли да те осуди тебе, кој и покрај Писмо и обрезание си станал престапник на Законот?
28 Зашто не е прав Јудеец оној, кој е таков по надворешност, ниту право обрезание она, кое е надворешно, врз телото,
29 туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не потекнува од луѓето, туку од Бога.