4 Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?
5 Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога,
6 Кој секому ќе му даде според неговите дела:
7 живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост;
8 јарост, пак, и гнев на оние што ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата.
9 Неволја и мака за секоја човечка душа која прави зло, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин;
10 слава и чест и мир на секој што прави добро, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин!