1 Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието?
2 Голема, на секој начин, и пред сѐ што ним им се доверени Божјите објавувања.
3 Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност?
4 Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покаже дека си праведен во зборовите Свои, и да победиш кога ќе ти се суди.“