13 „Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров,
14 устата нивна е полна со клетва и горчина.
15 Нозете нивни им се брзи за пролевање крв;
16 пустошење и маки по нивните патишта;
17 тие не го познаа патот на мирот.
18 Страв Божји нема пред очите нивни.“
19 Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја уста, и така целиот свет да стане виновен пред Бога,