16 пустошење и маки по нивните патишта;
17 тие не го познаа патот на мирот.
18 Страв Божји нема пред очите нивни.“
19 Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја уста, и така целиот свет да стане виновен пред Бога,
20 зашто преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој; бидејќи преку Законот се познава гревот.
21 А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците.
22 Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика,