23 сите згрешија и лишени се од славата Божја.
24 Но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос.
25 Него Бог Го постави со крвта Своја да биде жртва за помирување преку верата, за да ја покаже Својата праведност во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение,
26 за да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус.
27 Каде е, пак, пофалбата? Таа е исклучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата.
28 Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.
29 Или можеби Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, Тој е и на незнабошците,