5 Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност, што би можеле да речеме тогаш? Дали е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек.
6 Никако! Зашто, како Бог ќе може да го суди светот?
7 Зашто, ако вистината Божја се возвеличува преку мојата лага за слава Негова, па зошто тогаш да бидам осуден како грешник?
8 Зарем тогаш не би требало да правиме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.
9 Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,
10 како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,
11 нема разумен, нема кој да Го бара Бога;