9 Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,
10 како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,
11 нема разумен, нема кој да Го бара Бога;
12 сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“
13 „Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров,
14 устата нивна е полна со клетва и горчина.
15 Нозете нивни им се брзи за пролевање крв;