1 А што би можеле да кажеме дека добил нашиот татко по тело Авраам?
2 Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.
3 Впрочем што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“
4 На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.
5 Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.
6 Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за праведност независно од делата, велејќи: