Римјаните 4:15-21 MK2006D

15 зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап.

16 Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,

17 според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суш­тествува, она што не суштествува.

18 Авраам, без никаква основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според ре­че­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“

19 И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;

20 и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога,

21 наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.