17 според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суштествува, она што не суштествува.
18 Авраам, без никаква основа за надеж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето потомство.“
19 И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;
20 и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога,
21 наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.
22 Затоа тоа му се сметаше за праведност.
23 Но, не само за него е напишано дека му се сметаше,