4 На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.
5 Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.
6 Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за праведност независно од делата, велејќи:
7 „Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;
8 блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“
9 А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезаните? Бидејќи велиме дека на Авраам верата му се сметаше за праведност.
10 Кога му се сметаше? По обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието.