Римјаните 4:6-12 MK2006D

6 Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за пра­ведност независно од делата, велејќи:

7 „Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8 блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“

9 А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност.

10 Кога му се сметаше? По обрезание­то или пред обрезанието? Не по обре­за­нието, туку пред обрезанието.

11 И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,

12 и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.