8 блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“
9 А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезаните? Бидејќи велиме дека на Авраам верата му се сметаше за праведност.
10 Кога му се сметаше? По обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието.
11 И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,
12 и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.
13 Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово – дека ќе биде наследник на светот – беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата.
14 Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, тогаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено;