1 И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.
2 Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме со надежта во славата Божја.
3 Но не само тоа, туку се фалиме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението;
4 од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж.
5 Надежта пак, не посрамотува. Зашто љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух.
6 Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците.
7 Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.