Римјаните 5:12-18 MK2006D

12 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија.

13 Навистина и порано уште пред За­конот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон.

14 А сепак смртта царуваше уште од Адам, па сѐ до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам. Тој е пралик на Оној што требаше да дојде.

15 Но, со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.

16 А тој дар е сосема поинаков од гревот на еден што погрешил, зашто судењето за еден престап води кон осудување, а дарот – од многу престапи кон оправдување.

17 Бидејќи, доколку со престапувањето на еден завладеала смртта преку едниот, дотолку повеќе оние, што го примија изобилието на благодатта и да­рот на праведноста, ќе царуваат во жи­вотот преку еден – Исус Христос.

18 И така, како што преку еден престап дојде осудувањето на сите луѓе, така и преку праведното дело на еден дојде врз сите луѓе оправданието, кое дава живот.