7 Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.
8 Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.
9 Затоа сега, откако веќе сме оправдани со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот.
10 Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.
11 А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.
12 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија.
13 Навистина и порано уште пред Законот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон.