1 Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се наголеми благодатта? Никако!
2 Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште?
3 Зар не знаете дека сите оние што бевме крстени во Исус Христос, во Неговата смрт бевме крстени.
4 И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот.
5 Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението,
6 знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;