13 Не препуштајте му ги на гревот вашите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото како орудија на праведноста.
14 Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.
15 Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!
16 Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за послушност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или – на послушноста, која води кон праведност?
17 Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте.
18 И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста.
19 Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на нечистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од вашето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост.