18 И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста.
19 Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на нечистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од вашето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост.
20 Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста.
21 А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нивниот крај е смртта.
22 Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен.
23 Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ.