4 И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот.
5 Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението,
6 знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;
7 бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот.
8 А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме,
9 знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него.
10 Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го живее, за Бога го живее.