Римјаните 7:1-7 MK2006D

1 Или, пак, не знаете, браќа, – им збо­рувам на такви што го познаваат Законот – дека Законот има власт над човекот додека е тој жив?

2 Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од за­конот, кој ја сврзал со мажот.

3 Затоа, ако се омажи за друг маж, до­дека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре ма­жот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.

4 Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исус Христос умревте, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој беше воскреснат од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.

5 Зашто, кога живеевме во телото, то­гаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ прине­се­ме плод на смртта;

6 но сега, ние сме слободни од За­ко­нот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обвовен дух, а не според старата буква.

7 Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“