11 зашто гревот, поттикнат од заповедта, ме измами и преку неа ме умртви.
12 Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.
13 Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен.
14 Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб.
15 Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, туку она што го мразам, тоа го правам.
16 Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.
17 Значи, тоа веќе не го правам јас, туку гревот, што живее во мене.