14 Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб.
15 Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, туку она што го мразам, тоа го правам.
16 Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.
17 Значи, тоа веќе не го правам јас, туку гревот, што живее во мене.
18 Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не наоѓам сила да го правам тоа.
19 Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам.
20 А штом го вршам она што не го сакам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.