19 Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам.
20 А штом го вршам она што не го сакам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.
21 И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото ми е близу.
22 Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји,
23 но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во гревовниот закон, кој е во моите органи.
24 Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?
25 Му благодарам на својот Бог преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревовниот закон.