2 Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот.
3 Затоа, ако се омажи за друг маж, додека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
4 Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исус Христос умревте, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој беше воскреснат од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
5 Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ принесеме плод на смртта;
6 но сега, ние сме слободни од Законот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обвовен дух, а не според старата буква.
7 Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“
8 Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов.