8 Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов.
9 Некогаш живеев без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживеа.
10 Јас, пак, умрев, и се покажа дека заповедта, назначена за да даде живот, истата води во смрт,
11 зашто гревот, поттикнат од заповедта, ме измами и преку неа ме умртви.
12 Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.
13 Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен.
14 Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб.