13 бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи.
14 Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји;
15 зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“
16 Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји.
17 А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
18 Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.
19 И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји,