16 Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји.
17 А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.
18 Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.
19 И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји,
20 зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж,
21 дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји.
22 Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки.